Свлечиште на патот Штип-Струмица, сообраќајот во прекин

На магистралниот пат Штип-Струмица, на 8-ми километар, поради обилни врнежи од дожд дојдено е до свлекување на земја која ги зафаќа двете коловозни ленти.

Од „Македонија пат“ соопштија дека сообраќајот во моментот е во прекин.