
Шпанските власти поднесоа пријави против 19-годишната Фатима Е. Ј, која патувала од Мароко во Шпанија, поради тоа што на аеродромот нејзиното 8 – годишно дете било пронајдено во нејзиниот куфер.
Службениците на аеродромот приметиле дека таа се однесува мошне вознемирено.
– Операторот забележа нешто чудно, на снимките се покажа дека во куферот има човек, велат од полицијата.
Откако розевиот куфер поминал под рентгенот, вработените забележало дека внатре има човечка силуета. Откако го отвориле куферот, внатре го нашле 8-годишното момче Абу, кој им рекол на властите дека е од Брегот на слоновата коска.