
Бугарското МНР соопшти дека земјата е загрижена за случувањата во Куманово, како и дека се надева дека ќе биде избегната понатамошна ескалација.
– Ги повикуваме сите политички фактори на одговорно однесување во името на стабилноста на Република Македонија и регионот. Сметаме дека кандидатскиот статус на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, бара брзо, транспарентно и целосно расветлување и утврдување на тоа што се случи, како и навремено преземање на сите неопходни мерки во духот на владеењето на правото, се наведува во соопштението од бугарското МНР.