
Семејствата кои ги напуштија своите домови и останаа без елементарни услови за живот ќе добијат помош од општината. Општината Куманово на вонредна седница ќе донесе одлука за обезбедување 2 милиони денари за хуманитана помош на граѓаните, пишува порталот Куманово њуз.
– Неопходни се пари за храна, млеко за децата, сретства за хигиена. Ние ќе ги прифатиме луѓето, но треба да им обезбедиме и нормални услови за живот. Затоа сметаме дека советниците ќе го подржат предлогот, рекоа од кризниот штаб.
За семејствата кои ги напуштија своите куќи ќе бидат обезбедени душеци од Црвениот крст.