
На старите градски гробишта во Гостивар денеска беше погребан загинатиот припадник на МВР Горан Илијески-Мечето.
Со највисоки почести од него се простија голем број гостиварци, познаници и колеги.
Четириесет и едно годишниот Илијевски во МВР беше вработен од 2002 година. Трагично загубениот живот го одвои од сопругата и ќерката. Илијевски беше тешко ранет во акцијата на полициските сили во Куманово и пренесен на скопските клиники, каде им подлегна на повредите.
ФОТО: Дневник