
ПС Струга поднесе кривична пријава против Л.Н.(27) од село Велешта, струшко, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.
Пријавениот на први мај околу 15:00 часот во село Велешта со нож го нападнал А.И.(21) од истото село и му нанел тешки телесни повреди во пределот на двете нозе. На настанот му предходела расправија во моментот кога двајцата се разминувале со своите возила. Откако ги запреле возилата, сега пријавениот веднаш излегол и со нож го нападнал А.И. задавајќи му убодни рани најпрво во левата а потоа и во десната надколеница по што го напуштил местото на настанот.
Повредениот е пренесен во општата болница во Струга за укажување на лекарска помош. Лицата се познавале од порано и веќе подолго време постоела нетрпеливост помеѓу нив што доведувало до чести вербални расправии.