Средба Коѕиас – Попоски: Длабоко сочувство од грчката влада до семејствата на загинатите

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на маргините на НАТО конференцијата во Анталија остварил средба со грчкиот колега Никос Коѕиас.
“Козиас го изрази најдлабокотo сочувство од грчката Влада до семејствата на жртвите од последната криза во соседната земја, како и неговата загриженост за создадената ситуација, истакнувајќи дека сега мора да надвладее умереноста, разумот и дијалогот ”, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, разговарано било и за прашања поврзани со билатералната соработка меѓу двете земји и теми од регионален интерес. Коѕиас искажал поддршка за разговорите водени под посредство на ОН и ги реафирмирал грчките позиции за Македонската евро-атлантска перспектива.  Двајцата министри разговарале и за перспективата на усвојување на обострани мерки за градење доверба, што според грчкото МНР е развој на настаните што може да придонесе кон подобрување на билатералните односи.