Започна да се реализира проектот од Локалната самоуправа и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески-Платник“ – „Супер Марио“ наменет за давање социјални услуги на старите и изнемоштени лица. Преку проектот „Супер Марио“ се обезбеди сервис за домашни услуги на стари и изнемоштени лица. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и претставници од Локалната самоуправа ги посетија 83-годишната Цветанка Димитриоска и фамилијата Трајко и Даница Бошкоски кои се корисници на проектот.
Корисниците посочија дека се задоволни од услугите што ги добиваат од страна на веќе активните волонтери, од негата и вниманието.
Домот за стари лица и локалната самоуправа на овој начин ќе обезбедат подобри услови за живот на преку 100 семејства на стари лица.
Проектот започна да се реализира во ноември месец 2013-тата година и досега општина Прилеп преку проектот има ангажирано 11 волонтери кои опслужуваат 60-тина стари и изнемоштени лица кои ги посетуваат трипати неделно со задржување кај нив до еден и пол час.