„Банка на Америка“ под истрага

Регулаторите во Соединетите Американски Држави ја ставија под истрага „Банка на Америка“  поради прескокнување на големи куповни налози на нивните клиенти.

Прескокнување на налози е многу едноставна и стара метода за тргување, која во вакви случаи поради судир на интереси е забранета. Имено, кога клиент на банката односно брокерска куќа ќе издаде голем налог за купување, многу е веројатно дека ќе дојде до пораст на цената на таа хартија од вредност.

Поради тоа банката го нуди својот купувен налог пред оној на клиентот, ја купува таа хартија од вредност, и потоа го нуди налогот на клиентот, што поради големината речиси сигурно ја крева цената. Банката на тој начин остварува заработка.

Во некои случаеви оштетен е самиот клиент, доколку поради налогот на бнаката и клиентот мора да ја подобри понуата.

Како што пренесуваат медиумите во САД, клиентите во овој случај биле банките „Фани Мае“ и „Фреди Мак“, кои на светската јавност и’ станаа познати по крахот на американскиот пазар на недвизности.