
Премиерот Никола Груевски во дневникот на Сител истакна дека мора да се најде решение за кризата во Македонија, но дека тоа решение мора да биде засновано на волјата на народот.
-Решение мора да се најде и тоа мора да биде одраз на волјата на народот и на граѓаните на Република Македонија. На нивната волја изразена на последните избори. Решение мора да се најде и тоа не смее да биде по насилен пат, како што можеби некој планирал. И решение ќе се најде. Македонија ќе излезе уште поцврста од оваа криза, со многу поуки и ќе чекори напред уште посилно отколку пред ова, рече македонскиот премиер.