Заев веќе се обиде еднаш со насилство да направи превземање на власта и тоа беше на 5- ти мај кога жестоко беше нападната полциијата од демонстрантите на Заев и СДСМ, повредија 38 полицајци, но не успеаа во нивната намера, истакна премиерот Никола груевски во Дневникот на Канал 5.
-Оттука ние нормално е да се сомневаме дека можат да го повторат тоа и нормално е да сме целосно подготвени доколку такво сценарио дојде да се одговори соодветно и да се пресретне такво сценарио, односно да имаме реакција која нормално ќе биде во рамките на демократските принципи, Уставот и законите, рече Груевски.
Што се однесува до собирот кој го органзиира ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата За подобра Македонија и како што рече Груевски голем број други поддржувачи, се работи за мирен, ненасилен собир, на кој што сака да се искаже поддршка на државата во овие тешки момкенти, поддршка за сите кои се борат за Македонија, за безбедносните сили, за сите сили кои што даваат напори Македонија да излезе од овој процес, да се заврши оваа криза и да се продолжи по патеките на напредокот, по патеките на отворање на нови работни места, по патеките на носење на крупни инвеститори во Македонија, по патеките на зголемување на платите, на пензиите, на социјалната помош, по патеките на силна поддршка на земјоделците.
-Тој собир сигурно ќе бдие ненасилен, сигурно ќе биде мирен, но сигурно ќе биде моќен и силен од аспект на присутноста на граѓаните затоа што јас знам дека граѓаните го препознаа овој кукавички чин што го прави Заев, против сопствената држава, а за својот личен интерес, рече Груевски.