Шумските пожари во канадската провинција Британска Колумбија продолжуваат да се шират од запад кон север и веќе зафатиле 17.000 хектари земјиште, пренесува МИА.
Во гаснењето на огнот се вклучени 240 пожарникари, 11 хеликоптери, осум авиони и 23 тешки машини, кои од саботата работат деноноќно.
Првиот пожар изби на 9 мај на 50 километри југозападно од гратчето Принс Џорџ. Досега од опасната зона се евакуирани околу 130 лица, а подготвени за напуштање на своите домови се уште 700-800 луѓе. Под закана од уништување се 200 станбени и други згради.
Принс Џорџ се наоѓа на 760 километри северно од Ванкувер, најголемиот град во Британска Колумбија.