
Наспроти најавите на опозицискиот лидер Зоран Заев дека за 4.600 граѓани протестот немало да заврши во недела и дека се спремни да кампуваат на улица, утрово пред Владата може да се забележат едвај десетици луѓе.
Хаос зад себе оставија опозиционерите предводени од членовите на СДСМ и групите финансиски поддржани од СОРОС по вчерашниот протест на кој според сите светски медиуми присуствуваа најмногу 20.000 лица.
Покрај фијаското кое им се случи на протестот на кој опозицијата очекуваше 100.000 луѓе, а успеа да собере едвај петтина од тоа, големо разочарување за СДСМ е и тоа што Заев во петокот најави дека околу 5.000 граѓани веќе објавиле дека ќе останат деноноќно пред владата, но наместо илјадници како што најави лидерот, утрово пред зградата можат да се забележат едвај десетици граѓани.
За најавеното кампирање, поставени се неколку шатори во зеленилото среде булеварот „Илинден“.
ФОТО: kurir.mk