Експлозивна направа пронајдена во бугарски туристички автобус

Експлозивна направа е пронајдена во бугарски туристички автобус со 34 патници кој патувал на релација Прага – Варна.

Рачно изработената бомба со голема разурнувачка моќ била пронајдена синоќа, кога автобусот се наоѓал близу Будимпешта, објави денеска бугарски „Стандарт“.

Патниците имале многу среќа бидејќи бензинот од канистерот во кој била експлозивната направа се истурил и почнал да се шири мирис, поради што возачите запреле и ја пронашле бомбата.

Директорот на компанијата вели дека патникот кој ја поставил бомбата патувал со купена карта од Прага до Братислава, но излегол во Брно и не се вратил. Се претпоставува дека тој е Чех или Словак.

За случајот информирани се надлежните институции во Чешка, Словачка и Унгарија и земени се отпечатоци од канистарот во кој била експлозивната направа.

Патниците од автобусот каде беше пронајдена експлозивната направа, утрово стасаа во Бугарија.