![dnevnik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/dnevnik.jpg?resize=500%2C482&ssl=1)
Под мотото „Македонија силна“, илјадници граѓани се собраа пред зградата на Парламентот, да и дадат поддршка на Владата, пишува хрватската Нова ТВ на својот портал Дневник.хр.
– Овој народ овде вечерва, ваква масовност, оваа енергија, оваа сила е најдобар одговор за нив, ја пренесува Дневник.хр изјавата на Груевски.
Еден од најчитаните хрватски и балкански портали пишува дека на сенародниот митинг во Скопје се собраа речиси 100.000 граѓани и дека обраќањето на македонскиот премиер Груевски било во еуфорична атмосфера.