
Граѓанскиот собир „Силна Македонија“ кој се одржа вчера пред Собранието на Република Македонија, а кој беше огранизиран од владејачката ВМРО-ДМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ се покажа како најмасовен во историјата на независна Македонија. Повеќе од 90 илјади граѓани вчера излегоа да дадат поддршка за политиките на Владата на чело со премиерот Никола Груевски.
Со ова граѓаните кои од секој град во земјава дојдоа и дадоа масовна поддршка на вчерашниот митинг уште еднаш кажаа НЕ на погубните политики на опозицијата и го срушија мрачното сценарио на СДСМ и Зоран Заев.