
25.мај, понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
На 24. мај, недела е „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, а 25. мај, понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.