Каплан: Снајдер ме фати во расчекор

Екипата на Галатасарај се наоѓа на добар пат да освои титула во домашниот шампионат, а голем удел во тоа има голманот на Генчлербирлиги, Ферхат Каплан, кој на мечот против фаворитот прими навистина смешен погодок.

Стрелец на единствениот гол меѓу Галатасарај и Генчлербирлиги беше Весли Снајдер, кој упати еден удар во 67 минута кој заврши до голманот кој реагира катастрофално. Цела Турција го осуди неговиот потег и обвини дека мечот е наместен, но Каплан демантира и вели дека холандскиот фудбалер го фатил во расчекор.

“Снајдер ме фати во расчекор. Пред да се фрлам топката мина меѓу моите соиграчи и ја забележав во последен момент. Едноставно, бев наместен лошо и кога топката веќе речиси половина влезе в гол ја тргнав раката”
, изјави Каплан.

На табелата во турската Суперлига екипата на Галатасарај на две кола пред крајот има три бода повеќе од Фенербахче.