Се прска против комарци во Илинден

Општина Илинден во координација  со екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година, реализира прскање против комарци на целата територија на општината.

Согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува река и вештачката акумулација во Бучинци.

Дезинсекција се врши со еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

pprskanjee22

Во рамките на овие активности општина Илинден продолжува со терестичната дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци, а ги спроведува и  сите други мерки за дератизација и дезинфекција, со единствена цел спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции.