Пo патиштата влажно и магловито, возете внимателно

Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри
Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани, застои и ограничувања,  по претежно влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Појава на магла, видливост до 50 метри: Тетово-Скопје, Велес-Штип, Неготино-Градско, Кула-Катланово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат  се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.