
Шанте Мари Гилман (28), мајка на три деца го силувала својот сосед, откако среде ноќта влегла во во неговиот стан и му се нафрлила додека спиел.
Оваа жена, која наводно тежи околу 100 килограми и боледува од биполарно нарушување и психоза, влегла во кревет на соседот и легнала крај него, објави „Мирор“.
Соседот, како што тврди полицијата, спиел цврсто затоа што бил преморен и кога се разбудил во два часот по полноќ, ја видел Шанте над себе како ги држи рацете над главата. Кога ја замолил да си оди, таа одбила и продолжила да има сексуални односи со него и притоа го замолчувала.
Мажот некако успеал да стане од креветот и да ја избрка од станот, а наредниот ден ја пријавил во полиција и барал преглед поради силување.