
Поголема група на граѓани, по завршувањето на вчерашниот голем народен собир за силна Македонија кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ, во текот на целата вечер остана пред Собрание. Тие остануваат и во наредните денови, за, како што велат, да ја чуват демократијата и изборната волја.
-Не сме собрани со цел да ја чуваме и браниме демократијата, сакаме реформите да продолжат и пред се да се испочитува волјата на народот, која што е остварена преку непосредни избори, истакна студентката Лора Трајкоска.
Чуварите на демократијата и на изборната волја, велат дека безрезервно поддржуваат стабилна и силна Македонија, а не деструктивни сценарија и разнебитување на државата.
-Од едната страна имаме политичка партија која што се залага за доброто на оваа земја, која носи нови инвестиции и која што ја движи оваа држава напред, додека пак од другата страна го имаме лидерот на опозицијата, кој што последниве 4 месеци го тероризира народот и прави хаос во оваа држава. Не сакаме сето ова да престане и сакаме реформите да продолжат, додава Трајкоска.
Собраните граѓани денеска имаа дневни активности, односно крводарителска акција. Дел од камперите ќе даваат крв, а потоа продолжуваат со реализација на останатата програма пред Собранието на РМ.
фото: Курир