
Пратениците на грчката опозициска партија Нова демократија од парламентарниот Комитет за одбрана и надворешни работи бараат од министерот за надворешни работи Никос Коѕиас да „информира за случувањата во соседните земји во поглед на стабилноста во поширокиот регион на Грција“.
Како што јави МИА, координаторот за надворешна политика и безбедност на Нова демократија, Костас Тасулас изрази загриженост во врска со „подемот на турските провокации во Егејското Море и тензијата во Скопје“, додека последното барање на Албанија за мапите на копнените истражувања во Епир, го нарече „неприфатлива провокација“.
– Овие пршања бараат решителни и сериозни реакции од грчката страна, нагласи Тасулас.