Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите. Петмина граѓани каснати од змија завршиле на Инфективна, јави Сител.
Отровот за малку ќе бил фатален за жител од гевгелиско село. Бил во животозагрозувачка состојба. Лекарите едвај го спасиле, објави телевизијата.
Инаку, вчера во канцеларија во скопски Капиштец вработените во една фирма останале без зборови кога на работното место наишле на змија.