
Еден работник загина денеска при уривање во рудник за јаглен во округот Зонгулдак, во северниот дел на Турција.
Спасувачки екипи се испратени на местото на несреќата во рудникот. Еден 43-годишен работник загинал на самото место.
Причините за несреќата се уште не се познати.