
Македонските власти денеска ќе ги испорачаат во Косово телата на деветмина Албанци, кои пред две недели загинаа во престрелките во Куманово. Меѓу нив се и телата на двајцата водачи на терористичката група – Мирсад Н’дрецај алијас командант Нато и Бег Ризај алијас командант Бегу.
Телата во Косово на деветмината припадници на „кумановската група“ ќе им бидат предадени на семејствата.
Одобрение за испорака на телата дало македонското обвинителство бидејќи обдукцијата е завршена.
Според информации од обвинителството, ќе бидат испорачани телата на Џафер Зимерај, Бег Ризај, Мирсад Н’дрецај, Валон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.