
Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 19 часот се случила на локалниот пат во тетовско Радиовце.
Од СВР Тетово информираат дека 23-годишниот А.Р. со автомобил Голф удрил во соселаните Д.Д.(57) и Р.Б(55).
Од ударот, пешаците кои со „Голфот“ биле пренесени во тетовската клиничка болница, поради здобиените повреди задржани се за натамошно лекување.
По извршениот увид се расветлуваат причините за несреќата.