
Чуварите на демократијата и изборната волја покренаа петиција за оставка на градоначалникот Зоран Заев. Во петицијата голем број на граѓани оставајќи го своето име и презиме побараа оставка од градоначалникот, пишува порталот Струмицаденес.
Порталот пишува дека Заев сеуште ги нема видено чуварите на демократијата и изборната волја бидејќи од поставувањето на кампот спроти Собранието на Општина Струмица, градоначалникот не се појави на работа во својот кабинет.
Камперите демантираа дека ги напуштиле камповите, како што тврдеа некои медиуми и напоменаа дека ќе останат додека Заев не си замине од функцијата градоначалник.
Подршката на струмичани кон Чуварите на демократијата и изборната волја постојано расте и нив им се придружија уште граѓани.
Граѓаните кои се незадоволни од работењето на локалната самоуправа и работата на градоначалникот, добија подршка и од огранокот на ГРОМ.