Фудбалерот на Барселона, Чави Хернандез, по 24 години на “Камп Ноу”, ова лето и дефинитивно си заминува од каталонскиот гигант. Тој денеска, официјално на прес – конференција, објави дека ја напушта Барселона и дека кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Ал Сад, за кој потпишал договор на две сезони, со опција и за соработка за уште една дополнителна година.
“Ова беше мојата најтешка одлука во животот. Да го напуштам клубот каде ја минав мојата младост, но и целата досегашна кариера, со кој освоив се што можеше да се освои. Но, дојде време за заминување, Барселона секогаш ќе биде дел од моето срце, а јас продолжувам во Ал Сад. Потоа ќе работам и во раководството на клубот, се до 2022 година, со мисија да формирам квалитетна фудбалска академија. Морам да се заблагодарам, добив и понуда за продолжување во редовите на Барселона до 2018 година, но одлуката веќе беше донесена”, изјави Чави Хернандез.
Барселона ќе се прости од легенданиот Чави на посебен спектакл, ревијален натпревар, на кој веќе се поканети сите досегашни негови тренери во Барселона.