Линдегард стана ѕвезда поради деколтето на неговата сопруга

На гала вечерта на Манчестер Јунајтед, на која се избираше играч на годината, главна ѕвезда стана резервниот голман Андерс Линдегард и тоа пред се поради деколтето на неговата атрактивна сопруга.

Имено, сопругата на Лидегард, шведскиот супермодел Мисе Бекири на манифестацијата дојде во тесен црн костум, под кој не носеше ниту кошула, ниту градник.

Така, тренерот Луј ван Гал, другите играч на Манчестер и нивните сопруги, меѓу кои е и многу попозната Колин Руни, паднаа во втор план поради атрактивната црнокоса со која Линдегард се ожени во 2014 година.

Мисе и Андерс се венчаа на Маурицијус минатата година, а во 2012 година станаа родители на синот Џулијан, пишува „Дејли Мејл“. Таа е родена во Малме, а родителите и се со потекло од Албанија.

По венчавката Линдегард на Твитер напиша: „Најубавиот ден на нашиот живот. Ви благодарам на сите што го направиве посебен“, додека неговата сопруга напиша дека е „најсреќна жена во светот“.