Гвардиола: Баерн (М) имаше многу среќа во Штутгарт

Актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М) забележа среќен триумф на Штутгарт во заостанатиот натпревар од германската Бундес лига.

Баварскиот гигант имаше минимална негатива до 76 минута кога на 1:1 израмни перуанскиот интернационалец Клаудио Пизаро, а погодокот вреден три бода, постигнат во 93 минута беше дело на репрезентативецот на Шпанија, Тиаго Алкантара.

“На крајот, ние имавме повеќе среќа. Тиаго постигна фантастичен погодок и ние забележавме фантастична победа. Делувавме далеку поопасно откако во игра влегоа Манџукиќ и Пизаро. Штутгарт одигра одлично во првите 30 минути, но ние бевме далеку поагресивни и не загубивме ниту еден дуел”, изјави по натпреварот тренерот на Баерн (М), Пеп Гвардиола.