![surfer.jpg500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/surfer.jpg500.jpg?resize=500%2C278&ssl=1)
Сурферот Лук Реили доживеал вистински шок кога сфатил дека под неговата штица плива кит убиец..
Оваа застрашувачка средба траела цели пет минути. Китот кружел околу сурферот, бил подготвен за напад , но за среќа неизвесноста завршила така што китот одлучил да отплива понатаму.
– Полека ми се приближуваше и го закачи задниот дел на штицата, тогаш почнав да викам за да го избркам, изјави сурферот Реили.
Снимката од неверојатната сцена е направена во близина на Северниот остров во Нов Зеленд.
Орка китот убиец важи за најинтелигентниот и најефикасниот убиец во природата.