ВИДЕО: Македонски јазик, песни и ора за одбележување на повеќејазичноста во Грција

На видео сервисот „Јутјуб“ е поставено видео кое прикажува настан на македонската културно – играорна група од селото Марина во Негушката област во Северна Грција која пред два дена настапи во Солун.

Младите македонски играорци од Егејска Македонија настапија со македонски ора и песни на македонски јазик на настан со кој беше одбележана повеќејазичноста во Грција.

Инаку ова е редок настан каде што јавно се изведуваат песни и ора на македонски јазик. Досега македонски песни и ора се изведуваа само на народните црковни собири во селата во македонските села во Егејска Македонија.