ВИДЕО: Мускулест кенгур од кој ќе ви смрзне крвта

Не е необично кенгурите да се шетаат низ населени места низ Австралија, но оние малите. Не кенгури од 2 метри кои тежат 100 килограми, кои имаат скинато уво и сакаат да посетуваат игралишта и паркови.

Жителите на едно мало место во Австралија биле шокирани и исплашени бидејќи се појавил огромен кенгур. Мускулестото животно е тешко 100 килограми и често се појавува на игралишта и патеки и брка кучиња и играчи на голф.

Локалните жители го нарекле “Големиот Бак”, а целиот свет тврди дека е најголемото нешто што го виделе во животот.