
Tешка сообраќајка синоќа ги разбуди жителите на „Младинска“ во Струмица, објави порталот СтрумицаДенес.
Како што пишува порталот, на раскрсницата во близина на училиштето „Никола Вапцаров“ на улиците „Младинска“ и „Ѓорѓи Василев“ се судриле две возила „Ауди“ и „Мазда“.
Едниот автомобил завршил во дворот на една од куќите, за среќа возачите поминале со полесни повреди, а во моментот на улицата во близина немало пешаци.
Жителите од околните куќи раскажуваат дека слушнале силен звук, а очевидците раскажуваат дека глетката била застрашувачка.
Повеќе информации и фотографии на СтрумицаДенес