Долгогодишен менаџер на ирската рок група „Ју-Ту“, Денис Шиaн починал во Лос Анџелес, каде бендот се наоѓа во рамки на неговата последна турнеја.
Според американските медиуми, 68-годишниот Шиaн починал од природна смрт во хотел во Западен Холивуд. Тој починал неколку часа по завршувањето на првиот од петте предвидени концерти на Ју-Ту во Лос Анџелес, одржан во вторникот вечерта по локално време.
– Загубивме член на нашето семејство и се уште не сме целосно свесни за тоа. Тој не беше само легенда на музичкиот бизнис, туку и легенда на нашата група. Тој е незаменлив, напиша фронтменот на Ју-Ту, Боно Вокс на интернет страницата на бендот.