Кумановци нападнале свештено лице пред црква

А.М.(32) и С.М.(28) од Куманово добија кривична пријава бидејќи на 9. овој месец пред влезната капија на црквата „Свети Никола“ го нападнале В.Б.(57), помошник на свештените лица.

Пријавените му пришле од зад грб и со тупаници и клоци го удирале во пределот на главата и телото по што му нанеле видливи повреди.