Најдобриот фудбалер во дресот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс им испрати јасна порака на најверните фанови дека популарните „милионери” се немоќни кога е во прашање борбата за шампионската титула.
„Пак ќе повторам. Борусија не може ништо да направи кога е во прашање Баерн (М). Ние не можеме да се натпреваруваме со актуелниот шампион кој победува на секој натпревар. Во овој момент, Баерн (М) нема слаба точка и на секој натпревар ја имаат улогата на апсолутен фаворит. Ние имаме голем проблем со здравствениот билтен, имаме премногу повредени фудбалери. Моментално, нема никаква допирна точка помеѓу Баерн (М) и Борусија од Дортмунд. Баерн (М) игра фантастично во последниот период, но животот оди понатаму, а ние ќе дадеме се од себе во преостанатите натпревари од актуелната сезона”, изјави репрезентативецот на Германија.