
На оваа емотивна фотографија се наоѓаат петгодишните Малија Џонс и Меделина Де Лука, девојчиња кои за жал водат битка со една од најтешките болести на денешницата, ракот.
Тие се фотографирани во детската болница во Питсбург додека се прегрнуваат и си даваат поддршка една на друга.
Оваа фотографија на социјалните мрежи ја споделила мајката на Малија, Тез. Коментарите на луѓето се дека фотографијата е симбол на сила и надеж.
Девојчињата не се ни познавале претходно. Всушност, тие се запознале дента кога е снимена фотографијата. Како што објаснува Тез, Малија и пришла на Меделина, по што следела и прегратка.
„Се надевам дека целиот град ја видел фотографијата, како и луѓе надвор од градот, ширум светот – не само поради приказната на Малија, туку и заради останатите семејства што минуваат низ истото“ – вели Тез Џонс.