Пет сириски мигранти-кои илегално ја преминале грчко-македонската граница, вчера околу 01,20 часот во с.Смоквица биле физички нападнати од страна на 7-8 засега непознати лица.
Како што соопшти МВР, напаѓачите од мигрантите одзеле 1000 евра и 3 мобилни телефони.
Од страна на итна медицинска помош мигрантите биле пренесени во медицинскиот центар Гевгелија, каде од страна на полициски службеници е обавен разговор со истите.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.