
Oд 15.09.2014 година НА 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало Докторе! досега се јавиле вкупно 37.222 граѓани.
За една седмица од 25.05.2015 година до 31.05.2015 година медицински совет побарале вкупно 935 граѓани.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет се достапни 22 доктори,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија Ало Докторе! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија .
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови.