
По сообраќајката која ја предизвикал во неделата вечер возачот Благој Давчев ( 22) од село Сирково им подлегнал на повредите.
Тој, заедно со уште двајда другари на возраст од 17 и 20 години се враќале за дома, кон Сирково, кога од непознати причини излетал од патот и удрил во жардинерата на бензинската пумпа.
На порталот „Ти реков ми рече“ се објавени фотографии од страшната сообраќајка.
Сите три момчиња се здобиле со тешки повреди, поради што веднаш биле префрлени во Ургентен Центар во Скопје. Поради тежината на повредите, во Клиничкиот центар починал возачот Давчев.