
Маж на возраст од 47 години од Велика Горица е уапсен и сместен во притвор поради тоа што разменувал детска порнографија на интернет. Тој претходно е уапсен поради истото кривично дело.
Поради опасноста од повторување на делото му бил одреден едномесечен притвор.
Полицајците го пријавија поради искористување на деца за порнографија и му се заканува една до осум години казна затвор.
Педофилот минатото лето почнал да ги архивира децките порнографски материјали, од фотографиите до видеоснимките, на кои се прикажани деца на млада возраст со различни содржини.
Полицијата го уапси на 28 мај минатата година, кога кај него е пронајден телефон на кој имало голема количина на фотографии и снимки на децка порнографија.
Не е познато дали малолетниците биле директна мета на негови познаници со кој претходно разменувал порнографски материјал.