Весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“, повикувајќи се на изјави на двајца анонимни претставници на Министерството за одбрана на САД објави дека Американската воена лабораторија испратила примероци од жив антракс и во три лаборатории во Канада.
Властите наведоа дека примероци од жив антракс се испратени во Канада од една од двете лаборатории во Јута, одговорни за превоз на биолошки материјал.
Ова е објаснето по минатонеделното откритие дека примероците од таа бактерија по грешка се испратени во 11 американски држави и уште во две земји.
Пентагон засега официјално не ги коментираше овие тврдења.