Тешка кражба се случила вчера во станот на средовечен скопјанец, на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје.
Засега непознатиот сторител од станот на С.Ј. (46), однел 4.000 евра во готово и златен накит.
Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.