Интел Корпорацијата денес објави производи и решенија кои ќе обезбедат нови кориснички искуства како и проширување во нови области и компјутерски екосистеми.
Во текот на отворањето, воведен говор на „Компјутекс 2015“ одржа Кирк Скауген, постар заменик претседател и генерален менаџер на Intel Client Computing Group, кој го охрабри екосистемот во Тајван за меѓусебна соработка во креирање на иднината на компјутерите.
– Моќта на Законот на Мур е овозможена со неверојатни компјутерски иновации во текот на изминатите 50 години и поради тоа, во иднина ќе можеме скоро се да пресметаме и поврземе. Нашата 30-годишна историја на соработка со Тајван има дадено историски важни иновации во светот, од персонални компјутери, до клауд и центри за податоци. Во следните 30 години ќе видиме уште поголеми иновации, нови компјутерски искуства и поврзување на Интернетот на нештата (IoT)“, рече тој.
Скауген предвидувајќи ја иднината на компјуерите, укажа на производи и платформи што ќе не однесат на тој пат. Тој, исто така, покажа колку овие иновации ќе ни овозможат интелигенцијата да биде насекаде,наскоро.
Интел претстави проширување на Intel® IoT Gateway фамилијата на производи. Најновите референтни дизајни нудат широк избор на силикон и софтвер со додавање на Intel® Core™ процесорски базирана платформа и Wind River* Intelligent Device Platform XT 3 со флексибилни опции за оние апликации што чинат помалку.
Интел дополнително го прошири и изборот на оперативни системи за Intel®IoT Gateway референтните дизајни со Ubuntu Snappy Core од Canonical*. Ова се надоградува на сегашната достапност на оперативен систем од Microsoft* и Wind River.
Специјално за IoT решенија, трговски и медицински околини, Интел ги објави Intel® Pentium®, Intel® Celeron®и Intel® Atom™ процесорите. Со извонредна графика, процесорите се специјално направени за IoTи нудат седум годишна достапност.
Intel® Unite™беше воведен како ново ефективно бизнис решение дизајнирано за лесна и интуитивна работа како и за подобрување на продуктивноста. СоIntel® Core™ vPro™ процесорски – базираниот мини компјутер во конференциска соба и Intel Unite апликацијата која работи на уредите, постоечката конференциска соба се модернизира и трансформира во паметно и поврзано место за состаноци со зголемена безбедност.
Како најголем напредок уште од создавањето, Thunderbolt™ 3 овозможува една компјутерска порта да се приклучи до Thunderbolt уреди, секој дисплеј и милијарди УСБ уреди. За првпат, еден кабел може да обезбеди четири пати повеќе информации, и двапати повеќе„video bandwidth“ од било кој кабел, истовремено напојуваќи го уредот со енергија. Нема ривал за нови искористувања, како 4К видео, единечен кабел за полнење, екстерна графика и вградено 10 GbE вмрежување. Првите производи се очекува да почнат со испорака пред крајот на оваа година,
Петтата генерација на Intel Core фамилијата сега дополнително го вклучува првиот „LGA socketed“ десктоп процесор со интегрирана Iris™ Pro графика, Интел-овиот најмоќен графички процесор за корисници и медиа енџин. Понискиот 65 ватен термален дизајн (TDP) дозволува целосни PC перформанси кај широка палета на производи со различна форма, вклучувајќи помали и потенки мини персонални компјутери и се-во-едно десктопи, овозможувајќи до двапати подобрена 3-D графика, 35 проценти видео конверзија и 20 проценти пресметувачки перформанси во споредба со претходната генерација на процесори.
Интел ја најави и Intel® Core™ мобилни процесори за мобилни и IoT со интегрирана Intel® Iris™ Pro графика. Оптимизирани за гејмери и креатори на содржини, Интел-овите најбрзи мобилни процесори иммат интегрирана Intel Iris Pro графика 6200 и овозможуваат до двапати повисоки компјутерски перформанси и двапати подобри 3-D графички перформанси споредено со сегашната генерација.2Овие процесори се идеални за медицински, јавни или индустриски IoT апликации со инклузија на важни опции за моќни IoT дизајни, вклучувајќи „ECC memory“поддршка, Intel®vPro™ технологија и нудат седум години достапност.
Нагласување на напредокот кон иднина на целосно безжични компјутерски искуства, Интел ја најави соработката со Targus* за да овозможат безжичнирешенија за полнење базирани на Rezence стандардот. Интел исто така неодамна најави договор со кинеската компанија Haier* за да донесат безжнични решенија за полнење во ресторани, хотели, кафулиња и аеродроми во Кина кон крајот на оваа година. Покрај тоа, Интел ќе работи со членовите на A4WP, Foxconn Interconnect*, Basecom*, како и производителите на оригинални дизајни BYD*, Primax* иKokuyo* за да испорачаат решенија за безжично полнење на пазарот кон крајот на оваа година.
Интел го претставиIntel® Xeon® processor E3-1200 v4 фамилијата на процесори, првпат Xeon процесорска линија да вклучува интегрирана Intel® Iris™ Pro графика P6300. Направен на 14nm процесирачка технологија и дизајниран за визуелно интензивни работни задачи базирани на клауд како и висока дефиниција (HD), транскодирање на видео, оваа фамилија на продукти овозможува до 1.4x перформанси за транскодирање на видео, како и до 1.8х подобри перформанси за 3-D графика во споредба со претходната генерација.
Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди.