Даштевски: Денеска победи демократијата

Aналитичарот Александар Даштевски, кој денеска говореше во кампот на „Чуварите на демократијата“, спроти Собранието на Република Македонија.

Даштевски истакна дека на власт се доаѓа исклучиво по пат на избори, а не по пат на сценарија како што сака опозицијата.

– Денеска победи демократијата. Еврокомесарот Хан рече дека оваа Влада ќе остане уште една година и во таа година ќе се формираат една или две анкетни комисии, кои ќе одлучуваат за прашањата за разговорите кои се неовластено пуштани и за вештачки предизвиканата криза од страна на опозицијата. Ќе одлучуваат и за отворените прашања за изборите, а знаеме кои се тие, и дека за 10 месеци ќе се оддржат нови предвремени избори, а се знае кој ќе победи на тие избори- тоа е партијата на власт, бидејќи тоа го покажуваат сите можни анкети во Македонија, рече тој.

 

Целиот говор на аналитичарот Даштевски погледнете го во видеото.