Форум на тема „Стручно оспособување и вработување на лица со попреченост“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во соработка со ЕАСПД и Центарот за обука, едукација и грижа – ДРАГА од Словенија.
Целта на настанот е да се овозможи дискусија меѓу засегнатите страни во областа на стручно оспособување и вработување на лица со попреченост, како и да се презентираат европските трендови и македонските искуства, практики и тековни реформски процеси во оваа област.
Форумот се организира во рамките на проектот на европскиот проект ИНВЕСТТ на ЕАСПД – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.