Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, Сеп Блатер, кој само четири дена по реизборот ненадејно поднесе оставка од таа функција е опфатен во истрагата на ФБИ и државното обвинителство.
Веста за истрагата против Блатер ја пренесоа „Њујорк тајмс“ и „Еј-Би-Си њуз“, повикувајќи се на анонимни полициски извори, како и на извори блиски до случајот.
Портпаролот на ФБИ меѓутоа не сакаше да ги коментира овие тврдења.
Блатер вчера поднесе оставка на вонредна конференција во Цирих.