Македонско-унгарски деловен форум ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија и Унгарската национална трговска куќа во Скопје.
На Форумот ќе присуствуваат Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во земјава, Ервин Сел, економско аташе при Амбасадата на Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски генерален директор на Унгарската национална трговска куќа во Скопје.
Главен акцент на Деловниот форум ќе биде ставен на можностите за соработка во областа на земјоделството и прехранбената индустрија, со цел натамошно зајакнување на соработката во оваа област, претставување на Унгарската национална трговска куќа во Скопје чија улога е поврзување на малите и средни претпријатија од Македонија и Унгарија, која во моментов има околу 3000 фирми-членки, можностите за набавка на опрема и нови технологии и трансфер на знаења од земјоделско-прехранбената дејност од Унгарија, настап на саемски манифестации во Унгарија, како и заедничко аплицирање на компании од двете земји на проекти од Програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“.